Навивачите ги бодрат ’хероите’: Победа над Србија би бил најслаткиот подарок

ЕКИПА во Бидгошч,

Никола Ѓуровски, Владимир Булатовиќ, Игор Паневски

Не се во огромен број, но навиваат од срце. Македонските фанови им дадоа громогласен аплауз на младите македонски фудбалери и по поразот (5-0) од Шпанија, а очекуваат многу поповолен развој на настаните денеска во Бидгошч, на пресметката со Србија.

navivaci 2

„Игравме добро и против Шпанија. Загубивме убедливо, но младите фудбалери покажаа дека знаат да играат, и со гордост да го носат дресот на Македонија. Не се исплашија и при големата негатива, нивната желба и максималното залагање за нас се најважните карактеристики. Веруваме дека денеска ќе ја ’плеснат’ Србија“, е пораката од еден од македонските фанови, дојдени во Полска да ја бодрат младата фудбалска репрезентација на Македонија.

makedonski fanovi 2

Се вчитува...