Навивачите го вперија прстот кон Гризман: Меси ја напушта Барса поради тебе!

Навивачите на Барселона се огорчени поради заминувањето на Лионел Меси од клубот, а гневот го истурија врз вториот најплатен играч, Антоан Гризман, кој утрово пристигна во тренинг центарот со својот болид.

Се очекуваше по првиот ден од објавата дека Меси нема да го продолжи договорот со Барселона, да се крене голема прашина, но малкумина очекуваа дека гневот ќе се распрсне до тој степен што спортската јавност го виде утрово.

Додека Французинот доаѓаше на тренингот, навивачите му викаа: „Меси ја напушта Барса поради тебе“, но за среќа немаше поголеми инциденти, фудбалерот мирно излезе од автомобилот.

Да потсетиме, Гризман минатиот месец беше блиску до враќање во Атлетико Мадрид во размена со Саул Нигез, но таа приказна наскоро пропадна. Откако пристигна во Барселона пред две години, тој само на моменти покажа зошто е донесен, и ако се земат предвид неговите приходи, јасно е зошто навивачите се огорчени.

 

 

 

Се вчитува...