Атлетико Мадрид рутински славеше со 4-0 на пријателскиот меч со Нумансија, дуел што навивачите на мадридскиот клуб го искористија за уште еднаш да стават до знаење што мислат за шпекулациите околу трансферот на Кристијан Роналдо во оваа екипа.
„Црвено-белите“ гласно се противат на самата идеја Кристијано да стане дел од нивниот омилен клуб, па на транспарент на трибините вчера можеше да се забележи: КР7, не си добредојден!
Добра вест за нив е што и претседателот Енрике Черезо го дели ставот на навивачите, па првиот човек на клубот јасно стави до знаење дека Атлетико нема да биде дел од трката за ангажман на Роналдо во летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА