Навивачите на Барселона ги палат дресовите на Нејмар (ВИДЕО)

Нејмар ја напушти Барселона и за рекорден трансфер од 222 милиони евра се сели во ПСЖ. Барселона на официјалниот клупски сајт потврди дека застапниците на бразилскиот фудбалер попладнево ги посетиле клупските простории и уплатиле 222 милиони колку што изнесуваше клаузулата за предвремено раскинување на договорот. А, потоа следуваше и официјализирање на трансферот на Нејмар во францускиот клуб со кој потпиша петгодишен договор.

Оваа вест не им се допадна на навивачите на Барселона бидејќи талентираниот Баразилец беше нивниот миленик и гордост на клубот. Навивачите сметаат дека Нејмар ги предал, а својата разочараност од одлуката на Бразилецот да ја напушти Барселона, ја изразија со палење на неговиот дрес со бројот 11.

Се вчитува...