Навивачите на Барселона за добредојде му го украдоа часовникот на Левандовски вреден 75 илјади евра

Роберт Левандовски ова лето изнуди трансфер од Баерн Минхен во Барселона, а на претставувањето на „Камп Ноу“ го сруши и рекордот на посетеност при промоција кој пред него го држеше Роналдињо.

Фановите на каталонскиот тим беа фасцинирани од Полјакот, но дел од нив во искусниот голгетер видоа и шанса за заработка.

Имено, при денешната дружба со навивачите Левандовски бил ограбен, откриваат шпанските медиуми. Напаѓачот застанал со својот автомобил да се фотографира, а во тој момент крадците насилно му одзеле часовник вреден 75.000 евра и побегнале.

Левандовски се обидел да ги фати, но не успеал во својата намера. Полицијата си ја завршија работата и набргу потоа ги пронашла крадците, а и часовникот кој бил скриен под дрво.

Се вчитува...