Навивачите на Динамо губат нерви, Чачиќ дополнително ги „иритира“

Динамо Загреб по вчерашното реми (1-1) со Славен Белупо дополнително ги налути своите навивачи, оставајќи притоа нова шанса за Хајдук за продолжување на битката за титулата.

Жестоки беа реакциите на навивачите по социјалните мрежи, за да дополнително атмосферата ја загрее и тренерот Анте Чачиќ со изјавата по натпреварот.

На прашањето дали Динамо прави драма во битката за шампион, со оглед на двете ремија во три кола, Чачиќ со одговор.

„Зошто драма? Ова е бод кој не доближува до титулата, бод кој се пишува. Секако дека сакавме победа, но тоа не е лесно. Никогаш не е лесно тука да се освојат бодови. Иако имавме резултати против Славен и во првите два меча сезонава, сепак беа тоа тешки натпревари. Така беше и сега“ – изјави Чачиќ.

Динамо е сега на осум бода предност пред Хајдук, но сплитскиот клуб денеска игра со Ријека, па може да дојде на само пет бода со што активна станува играта за шампионската круна во Хрватска.

Се вчитува...