Навивачите на Динамо со жестоки навреди кон играчите и кон Јакировиќ: „Ќе платиш со глава…, чистка во соблекувалната“

Продолжува очајната сезона за Динамо Загреб кој синоќа доживеа нов пораз во Конференциската лига, овој пат на домашен терен од Викторија Плзен.

За хрватскиот шампион ова е четврти пораз во последните пет меча што е сериозен аларм за сите во клубот. А, навивачите, пак, бараат сериозни промени и во играчки кадар и во стручен штаб поради што синоќа по натпреварот со силни свирежи и навреди ги избркаа фудбалерите од теренот на „Максимир“.

По дуелот, пак, преку социјалните мрежи порачаа дека тренерот Сергеј Јакировиќ мора да го напушти клубот затоа што е далеку од личност која треба да го води Динамо.

„Како што дојде онака одеднаш така треба да си оди. Јакировиќ ќе плати со глава, но има и играчи кои мора да заминат од клубот. Поголемиот дел од играчите не заслужуваат да го носат дресот на Динамо“ – се пишувањата од страна на навивачите на Динамо.

Според некои, пак, треба да се заврши полусезоната а потоа голема чистка во соблекувалната…

„Ова е најслабиот Динамо во последните 15 години. Браво за сите“ – порачуваат навивачите на хрватскиот шампион.

Се вчитува...