Динамо Киев успеа да стигне до следната фаза од разигрувањето за место во Лигата на Шампионите откако славеше на гостински терен во Истанбул против Фенербахче по продолжение со 1-2. Херојот на Украинците беше Караваев кој во 114. минута ја затресе мрежата на домаќините.
Пред него погодок постигна Витали Бујалски, а наводниот скандалозен гест на Украинецот кој при прославата на голот со раката симболизирал знак на големиот ривал Бешикташ предизвика големо незадоволство на трибините. Турските навивачи возвратија скандирајќи го името на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Fenerbahçe fans chanting “Vladimir Putin” after a Dynamo Kyiv player celebrated scoring in this #UCL qualifier.
Absolutely tasteless 👎 pic.twitter.com/NocU0MTpbk
— Nico Cantor (@Nicocantor1) July 27, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА