Навивачите на Херта ги соблекуваа дресовите на играчите: „Не заслужувате да ги носите“

Поради поразот од градскиот ривал Унион, навивачите на Херта по натпреварот кој се одигра на Олимпискиот стадион во Берлин, бараа одговори од играчите што се случува со клубот, кому му се заканува испаѓање, иако раководството пред сезоната ветуваше не само опстанок, туку и обезбедување во Европа, па дури и во Лигата на шампионите.

Според германските медиуми, Херта е една од топ 5 екипи со најмногу пари во Бундес-лигата, но тимот е во опасната зона.

Навивачите од играчите по натпреварот со Унион, барале да ги соблечат дресовите со зборовите: „Соблечете дресовите, не заслужувате да ги носите“.

Херта е на претпоследното место на табелата, со 26 бодови, или еден помалку од Штутгарт кој е во сигурна зона.

Се вчитува...