Навивачите на Интер „вријат“: Брозовиќ губи се, ни ја уништи сезоната!

Со поразот на домашен терен од Сампдорија (1-2) во 30. коло од Серија А, Интер останува без Лигата на шампионите следната сезона. Навивачите на „нераѕурите“ крајно нервозни сета лутина ја истурија на Марсело Брозовиќ.

Тој не само што ја упропасти предноста на Интер на синоќешниот дуел, туку и сезоната на клубот. Кај првиот гол на Сампдорија во 50. минута не го испрати Фернандес кој ја почна акцијата за гол, а стрелецот само го следеше со поглед, додека за вториот гол на противникот направи невидена глупост подарувајќи им пенал.

hfhg by Goals_online

Тежок е тоа пораз за Интер кој изминативе години на засилувања потроши стотици милиони евра, а сега благодарение на Брозовиќ остана им без планираната цел за сезонава – достигнување до местото кое води барем во квалификациите за ЛШ.

Осум кола пред крајот Наполи е на третата позиција и им бега дури девет бода, а судејќи според реакциите на навивачите наскоро и Брозовиќ ќе бега од клубот.

brozovic montaza

„Секогаш го бранев, но тој е неподнослив. Ни ја уништи сезоната“, „Брозовиќ под итно да се избрка од клубот. На последните два натпревари на кои рутински требаше да освоиме шест бода, не упропасти“, „Требаше уште зимава да го продадеме во Кина“ – се дел од коментарите на револтираните навивачи на Интер за Марсело Брозовиќ.

Се вчитува...