Навивачите на Јувентус во одбрана на Манџукиќ

На навивачите на Јувентус воопшто не им се допаѓа начинот на кој клубот се однесува кон хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ.

Хрватот воопшто не е во плановите на тренерот Маурицио Сари, но доживеа вистинско понижување и што воопшто не е повикан од Јувентус меѓу дури 600 поканети за божиќната свеченост на клубот. Последните минути Манџукиќ за клубот ги има минатата сезона, а на клупата не бил од четвртото коло оваа сезона.

Токму затоа навивачите на Јуве на натпреварот од 16. коло во Серија А постојано скандираа со поддшка за хрватскиот фудбалер, давајќи до знаење до раководството што тој значи за клубот и за нив, а барајќи и повторно да се најде во составот.

Сепак, сосема е јасно дека Манџукиќ во јануари замина од клубот а како негова следна дестинација веќе се спомнува Манчестер јунајтед.

Се вчитува...