Навивачите на Македонија нема да може да ја бодрат репрезентацијата во Амстердам

Фудбалската репрезентација на Македонија нема да ја има поддршката од навивачите на последниот меч од групната фаза на Европското првенство против Холандија кој ќе се игра во Амстердам.

„Во врска со претстојниот фудбалски натпревар помеѓу Северна Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во ЕУ за граѓани од трети држави (вклучувајќи ја и Северна Македонија) е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку спаѓате во една од категориите кои се изземени од забраната“, објави холандската амбасада во Скопје на Фејсбук.

Македонската репрезентација го игра третиот меч од Ц-групата во Амстердам, и тоа против домашната селекција на 21 јуни.

Се вчитува...