Навивачите на ПАОК добија забрана за влез во Хрватска

Хрватската полиција го известила грчкиот ПАОК дека навивачите на тој клуб нема да смеат да патуваат на 1/8 финалниот натпревар од Конференциската лига со Динамо Загреб.

Истото важи и за навивачите на Динамо за мечот во Солун, иако симпатизерите на „сините“ сигурно добија забрана за гостување поради нередите во Атина на почетокот на сезоната.

Фудбалскиот клуб ПАОК немаше друг избор освен да ги исполни барањата на хрватската полиција, кои претходно беа прифатени од УЕФА, па за таа одлука ги извести своите симпатизери. Оваа одлука е донесена врз основа на безбедносна проценка и поради историјата на нереди од страна на приврзаниците на двата клуба.

Првиот натпревар е закажан за 7. март во Загреб, а реваншот е една недела подоцна во Солун.

Се вчитува...