Навивачите на Партизан ја запалија „Маракана“ – Феноменална атмосфера на трибините, „нула“ на теренот (ВИДЕО/ ФОТО)

Во феноменална атмосфера мина 167. вечно дерби меѓу Црвена Звезда и Партизан на „Рајко Митиќ“, но со „нула“ на теренот, без голови и со поделба на бодови.

Извонредниот амбиент го заокружија навивачките групи на двата тима, доведувајќи го натпреварот во еден момент и до прекин кога навивачите на Партизан, популарните „Гробари“ ја запалија легендарната „Маракана“.

По пиротехничкото шоу на „Гробарите“ во 73. минута имаше само неколкуминутен прекин… И на спротивната страна со одлично шоу амбиентот го збогатија и „Делиите“.

Но, на терен иако Партизан ја имаше иницијативата и поголемата желба за победа, сепак, мина без поголеми возбудувања. Единствената вистинска шанса беше на страна на „црно-белите“ кои имаа промашување кое може да ги чини титула!

Па, Црвена Звезда на крајот позадоволна од оние 0-0 со оглед на тоа што ја задржа бодовнота предност пред лутиот ривал на врвот од табелата.

Се вчитува...