Навивачите на Рома преизвикаа хаос во Франција

Полицијата во Ница уапси над 100 навивачи на Рома поради обид за нарушување на редот и мирот во пресрет натпревар против францускиот фудбалски клуб од овој град во Лига Европа кој ќе биде одигран денеска со почеток до 21 часот.

Како што пренесуваат француските медиуми, со помош на безбедносните камери навивачите кои се приближувале во стартиот дел од градот „наоружани“ со шипки и други остри предмети биле пресретнати од полицијата со што бил спречен поголем инцидент.

Во Ница постои забрана за конзумирање на алкохол на јавни простори, а со цел да се спречат можни инциденти ноќните клубови во стариот дел од Ница се затворени.

Се вчитува...