Навивачите на Специја кон Имобиле: Ти си гомнар, кој не може да погоди ниту против Македонија (ВИДЕО)

Лацио се најде на петтата позиција на табелата во Серија А откако славеше на гостувањето против Специја со 3-4 во драматичен меч од 35. коло.

Специја трипати водеше, со 1-0, 2-1 и 3-2, но на крајот римскиот клуб со гол во 90. минута дојде до трите бода.

Интересна е приказната при голот на Лацио за 1-1 во 33. минута кој го постигна најдобриот стрелец на клубот, Чиро Имобиле. Италијанскиот напаѓач беше прецизен од белата точка, но пред тоа мораше да ги ислуша бројните провокации од навивачите на Специја.

„Ти се гомнар кој не можеше да погоди ниту против Македонија“ – довикуваа навивачите на домашниот тим, но не им помогна да го деконцентрираат Имобиле кој, сепак, погоди од белата точка.

Се вчитува...