„Навивам за Ѓоковиќ, бидејќи силно го е*еа претходните години“

Легендарниот Џими Конорс истакнува дека во продолжение на кариерата е со цело срце со Новак Ѓоковиќ, поради турнирите кои српскиот тенисер морал да ги пропушти поради невакцинирање.

Ѓоковиќ минатата година ги пропушти Австралија Опен и УС Опен, како и неколку Мастерси.

„Навивам за Ѓоковиќ зошто мислам дека силно го е*еа претходните години. Тој веќе докажа колку е одличен, но со тоа што не му дозволија да игра на некои турнири, го спречија да направи уште поголема кариера“, изјави Конорс. 

И покрај слабите настапи во сезоната на земјена подлога, Ѓоковиќ на Ролан Гарос ќе го нападне својот рекорден 23. трофеј на гранд-слем турнирите.

Се вчитува...