Навреден од 90 милиони долари, а не одиграл ниту еден меч во плејоф

НБА-лигата прерасна во „фабрика за пари“ во последните години, а дел од кошаркарите го користат тоа за дебело да ги наплатат новите договори што треба да ги потпишат со своите клубови. Доказ за тоа е случајот со Бади Хилд, кошаркарот на Сакраменто кингс, кој ја одби понудата вредна 90 милиони долари за нов договор со „кралевите“, па дури и беше навреден од истата.

„Искрено, оваа понуда ја гледам како навреда. Знам дека вредам повеќе. Ако веќе управата ми вели дека сака да го гради тимот околу мене, треба да го докаже тоа. Делата говорат повеќе од зборовите, а ако само зборувате и ништо не правите, јас нема да се согласам“ – изјави Хилд.

Кошаркарот од Бахами очигледно има високо мислење за себе, во просек лани постигнуваше над 20 поени по натпревар, но управата на Сакраменто е свесна дека тоа не значи ништо ако тимот на победува. А со Хилд во екипата „кралевите“ немаат ниту едно учество во плејофот.

Се вчитува...