Назор: Грдо е кога на семафорот стои „минус 31“

МЗТ Скопје одигра уште еден потпросечен натпревар и загуби со 31 поен разлика од екипата на Будуќност, како печат за очајните изданија на македонскиот првак на гостувањата во АБА-лигата во текот на целата сезона. На тренерот Анте Назор не му преостана ништо друго освен да му честита на поквалитетниот противник, но и повторно да изрази жалење поради лошиот карактер што неговиот тим го прикажа и на дуелот во Подгорица.

Честитки до противникот, кој вечерва одигра многу подобро од нас. За да му парираме на Будуќност моравме да го спуштиме бројот на загубени топки под просекот и да им парираме на Црногорците во скокот. Во третата четвртина противникот се разигра и го контролираше скокот во периодот кога се обидувавме да играме со пниска петорка. Немавме ниту ротација на играчи, некои се повредени, некои се на заминување, моравме да вклучиме и двајца јуниори во екипата. Моравме да покажеме повеќе желба, агресивност, подобар карактер, бидејќи е грдо да се видат овие „минус 31“ на семафорот. Ова е добра лекција за мојот тим, ако извлечеме поука тогаш нема да биде залудно потрошено време“ – истакна Назор.

Се вчитува...