Назор: Мораме да го вратиме флуидот меѓу тимот и навивачите

МЗТ Скопје стигна до третата победа во низа, па Анте Назор со право беше задоволен од изданието на својот тим, пред се во второто полувреме во кое целосно беше декласиран составот на Крка. Тренерот на „металците“ на прес-конференцијата по мечот им се заблагодари на навивачите за дадената поддршка во клучните моменти од средбата, потенцирајќи дека нивната помош ќе им биде неопходна и на следните натпревари до крајот на оваа сезона.

Честитки до момците за големата победа за одличните подготовки во пресрет на оваа средба. Честитки и до навивачите, ни беше неопходна поддршка од трибините, откако не ни одеше во првиот дел тие ни дадоа сила, а ние го оставивме срцето на терен. Тоа е тој флуид што треба да го вратиме во оваа сала, а верувам дека ќе го сториме тоа ако продолжиме со борбена игра на секој дел од теренот. Крка сакаше да победи, имаше 12 офанзивни скокови, тоа е она што не чека. Мораме да бидеме подготвени за борба на секој натпревар, до крајот на секоја средба“ – изјави тренерот Назор.

Даниел Кларк го потенцираше тимскиот дух како главен фактор за оваа значајна победа на македонскиот првак.

Ова е многу важна победа за нас, мораме да бидеме среќни пред се поради начинот на кој игравме во второто полувреме. Покажавме дека ако играме колективно, еден за друг, сме многу посилни, токму со тој пристап стигнавме до оваа победа“ – истакна британскиот интеернационалец во таборот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...