Назор: Повредите ни создадоа премногу проблеми

Анте Назор го загуби првиот од двата трофеи што го бранеше од ланската двојна круна на МЗТ Скопје, откако „металците“ вечерва неочекувано беа поразени од Фени индустри во полуфиналето од Купот на Македонија. Хрватот им го честиташе триумфот на кавадарчани, како главна причина за поразот наведувајќи ги проблемите со повредите.

За жал, ситуацијата беше таква да вчера останавме без Клоф, а денеска на самиот почеток се повреди Ван Остром. Во ситуација кога ни недостигаат двајца важни кошаркари нормално е играта да не ни биде на посакуваното ниво. Противникот го искористи тоа и успеа да слави, Фени беше посреќна екипа денеска и јас искрено им честитам за победата“ – изјави Назор по натпреварот.

МЗТ Скопје нема време за одмор бидејќи веќе во вторник „металците“ ги очекува нов предизвик во АБА-лигата, и тоа на гостински терен против ФМП.

Се вчитува...