НБА-бек од Порторико е пред потпис со Партизан

Партизан се уште се мачи да го комплетира ростерот за наредната сезона, но „црно-белите“ се надеваат дека до крајот на оваа седмица ќе го комплетираат трансферот на Итан Томпсон, репрезентативец на Порторико кој би дошол во Белград од НБА-лигата.

Томпсон, кој настапува на позицијата бек шутер, доаѓа од редовите на Индијана пејсерс, клуб каде во последните месеци конечно доби шанса да заигра во најсилната лига на светот.

Тој претходно беше дел од Чикаго, Мајами и Орландо, но настапуваше за нивните тимови во Развојната лига. По преселбата во Индијана одличниот шутер доби можност и во НБА. па од декември 2025 ги бранеше боите на пејсерси, настапувајќи на 32 меча од кои на 13 беше стартер.

Во Индијана сепак се уште му немаат понудено договор, поради што Порториканецот сериозно размислува за преселба во Европа. Партизан веќе имаше неколку рунди успешни преговори и „црно-белите“ се надеваат дека во најскоро време ќе го финализираат и овој трансфер, давајќи му уште еден значаен адут во ротацијата на тренерот Пењароја.

Се вчитува...