НБА го доживеа и вториот рестарт во најдолгата сезона во историјата на најсилното кошаркарско првенство. Милвоки Бакс, тимот од кој почна бојкотот во борбата за социјална еднаквост, е последниот учесник во полуфиналето на Истокот откако во петтиот натпревар го совлада Орландо Меџик со 118-104 и со вкупни 4-1 обезбеди дуел против Мајами Хит.
Јанис Адетокумбо со 28 поени и 17 скока повторно беше прво име кај Бакс, додека Мидлтон уфрли 21. Кај поразените Никола Вучевиќ запиша 22 поени и 15 скока, а Фурние уфрли 18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА