Вршителот на должност комесар на НБА лигата, Марк Тејтум, потврди дека проектот „НБА Европа“ заедничката иницијатива на НБА и ФИБА е отворен за соработка со Евролигата под одредени услови, но дека новиот проект дефинитивно ќе почне следната сезона со Евролигата или без неа.
Официјалниот почеток и првите натпревари на проектот „НБА Европа“ се планирани за октомври 2027 година. Марк Тејтум појасни дека до крајот на овој месец ќе бидат финализирани понудите од заинтересираните клубови и инвеститори, по што ќе започне процесот на селекција.
НБА и ФИБА се решени да го започнат натпреварувањето во есента 2027 година дури и во случај да не се постигне конечен договор со Евролигата, најавувајќи нов, отворен бизнис модел заснован на спортски заслуги кој целосно ќе го трансформира кошаркарскиот пејзаж на стариот континент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
