НБА финале: Њујорк до „брејк“ уште на првиот меч

Големото финале во НБА-лигата стартуваше со брејк, откако Њујорк успеа да триумфира на гостински терен против Сан Антонио спарс со 95-105. За никси ова беше прво финале по пауза од 27 години, на сите им е јасно дека ова е шанса што не смее да се пропушти, а кошаркарите уште еднаш покажаа неверојатен карактер, како што тоа го сторија и во првиот дуел од финалето а „Истокот“ против Кливленд.

Имено, Сан Антонио делуваше во целосна контрола кон средината на третата четвртина, кога најдобриот тим на западот имаше предност од одлични 13 поени разлика. Њујорк успеа да се врати и се погрижи да се влезе во неизвесна завршниц, Сан Антонио на две минути до крајот имаше предност од минимални 95-94, но домаќините до крајот не реализираа ниту еднаш, на спротивната страна Њујорк го заврши мечот со серија од 11-0 и заслужено стигна до победата.

Џејлен Брансон повторно беше прво име во тборот на никси, реализирајќи 30 поени од кои 13 во последната четвртина. Тааунс постигна дабл-дабл од 18 поени и 12 скокови, Џош Харт доминираше под обрачите со 15 скокови, но и 6 украдени топки.

Кај Сан Антонио најефикасни беа Вембињама со 26 поени и 12 скокови, Кесл реализираше 17, а Харпер 16 поени.

 

Се вчитува...