НБА-хаос: Милвоки одби да излезе на терен против Орландо, Лигата ги одложи сите следни натпревари

Завршницата на НБА-лигата се соочува со хаос откако тимот на Милвоки одби да излезе на терен на дуелот против Орландо Меџик. Одлуката е донесена во знак на револт за новото полициско насилство и пукањето од полицајци во невооружениот  Џејкоб Блејк со неколку куршуми во грб. Ова беше уште еден во серијата инциденти во кои жртви на полициската брутланост се Афромаерканците.

Кошаркарите на Орландо се појавиле на паркетот за загревањето, но откако виделе дека противниците ги нема на терен и тие си заминале од салата.

Бојкото на Милвоки повлече експресна реакција на НБА. Лигата реши да ги одложи и дуелите Хјустон-оклахома и Лос анџелес Лејкерс-Портланд. Дополнително ќе бидат одредени новите термини за одигрување на средбите.

 

Се вчитува...