НБА играчите го кренаа гласот: Јас сум возрасен човек, ќе правам што сакам, ако е вака подобро да не играме

Коронавирусот во последните неколку дена жесто ја погоди НБА лигата. Оваа недела беа одложени четири натпревари, а бројни играчи се во карантин поради позитивни случаи или пак поради контакт со лице кое е позитивно на вирусот.

Со цел да се заштитат играчите и лигата да продолжи по зацртаниот план, раководството излезе со дополнет „Ковид правилник“, кој забранува поздравување или вербален контакт со противнички играчи, приморува носење на маски на клупата и во соблекувалните, забранува излез од хотелот и дружење по хотелските соби, а додека се дома, играчите не смеат да излезат надвор освен доколку не станува збор за есенцијални активности или итни слуачи.

На сето тоа возвратија играчите кои почнаа да го креваат гласот против строгите правила. Прв од нив беше Џорџ Хил, кој воедно беше и иницијатор на бојкот на натпреварите поради полициското насилство.

„Јас сум возрасен човек и ќе правам што сакам. Доколку сакам да ја посетам својата фамилија, ќе ја посетам мојата фамилија. Не може да ми наредат да седам во соба 24/7. Ако e тоа толку сериозно, можеби не треба да играме. Никој не сака да го откаже својот живот поради кошарка. Можеш да се потиш со противниците 48 минути, но не смееш да разговараш со нив? Па тоа нема смисла“ – изјави Хил.

Се вчитува...