НБА ја избра најдобрата петорка – без изненадувања

НБА-лигата ги објави најдобрите петорки за оваа натпреварувачка сезона, во кои немаѓе преголеми изненадувања. Така, првата петорка ја предводи актуелниот МВП на лигата, Никола Јокиќ, кому друштво му прават Лука Дончиќ, Шеј Гилџус Александер, Јанис Адетокумбо и Џејсон Тејтум.

Интересно е што Јокиќ и Гилџус Александер ги добиле максималните 99 гласови, додека Дончиќ освои еден помалку. За Никола Јокиќ ова е враќање во идеалната петорка на НБА-лигата откако ланската сезона ова место му го препушти на Џоел Ембид, кој беше избран и за МВП на регуларниот дел од сезоната. Оваа сезона Ембид воопшто не беше во конкуренција откако поради повреда на коленото не стигна до неопходните 65 одиграни средби за да може да биде вбројуван меѓу кандидатите.

Во втората најдобра петорка на НБА-лигата се најдоа Џејлен Брансон (Њујорк), Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), Кевин Дурант (Феникс), Каваи Ленард (ЛА Клиперс) и Ентони Едвардс (Минесота).

Во третата петорка на сезоната на НБА-лигата имаше место за: Девин Букер (Феникс), Стеф Кари (Голден Стејт), Тајрис Халибуртон (Индијана), Домантас Сабонис (Сакраменто) и Леброн Џејмс (ЛА Лејкерс).

Се вчитува...