НБА ја суспендираше сезоната, играч на Јута позитивен на COVID 19

НБА лигата донесе одлука за прекин на сеозната на неодредено време. Директна причина е позитивната дијагноза на коронавирус на играчот на Јута, Руди Гобер. Резултатите беа објавени непосредно пред дуелот на Јута со Оклахома и средбата беше експресно откажана. Брзо изреагира и Лигата која соопшти дека нема да има натпревари во следниот период.

Дополнителна загриженост предивизкува и фактот што Јута во последниве десетина дена имаше натпревари со пет тима, Торонто, Детроит, Бостон, Њу Јорк и со Кливленд. На играчите на сите овие екипи им е кажано да бидат во самоизлоација.

Претхоно НБА најави дека дуелите во лигата ќе бидат играни без присуство на публика, но позитивниот тест на Гобер комплетно ја смени ситуацијата.

 

 

 

 

 

Се вчитува...