НБА ќе се соочи со големи загуби доколку сезоната се откаже

НБА би можела да претрпи големи финансиски загуби ако сезоната поради коронавирусот биде откажана, пренесува Вашингтон пост. Според нив загубите би можеле да дојдат и до милијарда долари. Сезоната во НБА беше прекината на 12. март откако позитивен на Covid-19 беше центарот на Јута Џез, Руди Гобер. Неколку дена подоцна болест беше дијагностицирана и кај неговиот соиграч Донован Мичел.

Четири кошаркари на Бруклин Нетс меѓу кои и Кевин Дурант исто така се позитивни на Ковид-19, како и двајца кошаркари на Лос Анџелес Лејкерс и Крус Вуд од Детроит и Маркус Смарт од Бостон.

Од коронавирусот во светот се заразени повеќе од 300.000 луѓе, а бројот на смртни случаи веќе ја надмина бројката од 11.000.

Се вчитува...