НБА-кошаркар најави самоубиство преку инстраграм?

Мајкл Бизли ги преживува најтешките моменти во животот откако остана без клуб во НБА-лигата, а во истиот период почина и неговата мајка. Поранешниот втор пик на НБА-драфтот се наоѓа во депресија, а многумина неговата најнова објава на инстаграм профилот ја протолкуваа како најава за самоубиство.

„Искрено, почнав да мразам толку многу работи, толку многу луѓе откако си замина. Не можам да се откачам од чувството на осаменост, не знаеш колку ме повреди мамо. Знам дека е себично, но мене овде повеќе не ми се допаѓа. Се гледаме наскоро, ти ветувам“ – напиша Бизли како порака до Фатима Смит, која неодамна почина од тешка болест.

Бизли оваа сезона ја стартуваше во дресот на ЛА лејкерс, но потоа беше испратен во ЛА клиперс, каде веднаш доби отказ. Набрзо потоа тој потпиша договор со Гвангдонг тајгерс во Кина, но очигледно е дека борбата со депресијата треба да биде приоритет за овој американски кошаркар.

 

Се вчитува...