Убедливиот пораз на Денвер од Оклахома со 43 поени разлика во вториот натпревар од четвртфиналната серија на Западот одново донесе бура на реакции во кошаркарската јавност во САД и ја отвори темата за МВП на сезоната.
Според легендарниот кошаркар Чарлс Баркли кој сега ја врши улогата на стручен коментатор нема дилема дека Шеј Гилџус-Александер ја заслужува МВП наградата и дека неговата Оклахома ќе биде шампион на крајот на сезоната.
„Оклахома е најдобриот дефанзивен тим, а Шеј е МВП. Слободно уште сега можат да му ја дадат наградата. Ќе го видиме во финалето на западната конференција кога ќе добие трофеј. Мислам дека Оклахома ќе го освои првенството“, изјави поранешниот кошаркар на Феникс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА