НБА легендите до Дончиќ: Лука, со 19 години не треба да ги правиш овие чуда!

Иако Џејмс Харден постигна 43 поени со „трипл-дабл“, Клеј Томпсон постигна седум тројки со одлучен процент на погодоци, главна ѕвезда изминатава ноќ во НБА сепак беше Лука Дончиќ.

19-годишниот Словенец постигна 29 поени со 12 асистенции и осум скока, одлучувајќи ја победата на својот Далас. Но, по мечот интересно прашање му постави НБА легендата Дерек Харпер…

„Лука, имаш 19 години. Играше неколку години во Европа. Знаеш ли дека не би требало да ги правиш овие чуда на паркетот кои сега ги правиш со 19 години во првата сезона во НБА лигата?“.

И, на сето тоа одговор од Дончиќ:

„За мене е пред се одлично што сум тука, и што играм кошарка секој ден. Само се забавувам, тоа е дел од мојата игра, забава на паркетот. Да бидам искрен и самиот не очекував вакви игри кога дојдов тука“.

Дончиќ во својата руки-сезона просечно бележи 20 поени, со 6,7 скока и пет асистенции по натпревар. Втор е на Западот по бројот на гласови за Ол-стар, а пред него е само Леброн Џејмс.

Се вчитува...