Потврда за приказната дека НБА сериозно планира да основа лига на европско тло дојде директно од комесарот на најсилната кошаркарска лига во светот, Адам Силвер.
Тој во интервју за француски „Фигаро“ даде и конкретни детали – така што тоа нема да биде трета конференција или поделба во рамките на НБА, туку независно натпреварување кое треба да биде сериозен предизвик за Евролигата.
„Зборуваме за конференција, можеби независна лига одвоена од НБА. Тоа би била Лига Европа. Форматот сепак треба да се анализира“, изјави Силвер во интервју за познатиот париски весник.
Без оглед на тоа што одредени функционери на ФИБА инсистираа да бидат партнери на НБА на овој проект, што секако ќе ја промени европската кошарка, Силвер вели дека неговите соработници и тој разговараат со голем број инстанци и потенцијални партнери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА