НБА – лигата ќе загуби 500 милиони долари доколку сезоната не биде продолжена

НБА – лигата ќе претрпи огромни загуби доколку сезоната не биде продолжена и доиграна до крај, откако САД и светот ќе ја добијат битката со коронавирусот. Преостанати се 259 натпревари од регуларната сезона и комплетниот плејоф што значи дека клубовите ќе бидат во загуба од најмалку 300 милиони долари само од билети за натпреварите. Потоа треба да следат и 83 плејоф мечеви, кои се проценуваат на околу 200 милиони долари.

НБА – лигата ја стави сезоната во мирување откако кошаркарот на Јута, Руди Гобер, беше првиот позитивен на коронавирусот. Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во земјата поради ширењето на коронавирусот и распредели дополнителни 50 милијарди долари во мисијата за негово ширење.

 

 

Се вчитува...