НБА лигата пред прекин…! Леброн бесен побегна од состанокот: Доста е, ми се лоши од се!

НБА лигата одлучи да ги одложи сите синоќешни натпревари поради протестите на кошаркарите од неколку клубови.

Протестирајќи поради полициската бруталност над Афроамериканците, НБА клубовите одбија да излезат на паркет на натпреварите од плеј-оф разигрувањето. Се почна од Милвоки, а потоа се приклучија и ЛА Лејкерс, Хјустон, Портланд…

Па, се огласи и најдобриот светски кошаркар Леброн Џејмс кој испрати јасна порака:

„Е.и го ова! Бараме промени. Ми се лоши веќе од се ова“ – напиша Леброн на својот Твитер профил.

 

Леброн Џејмс и на заедничкиот состанок на НБА клубовите, кој го напуштил лут, побарал сопствениците да бидат повеќе вклучени околу одлуките за продолжување на сезоната. ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс се единствените клубови кои побараа и целосен прекин на сезоната. За денеска е закажан и втор состанок на кој ќе се одлучи дефинитивно дали сезоната во НБА лигата ќе се заврши.

Се вчитува...