НБА лигата се враќа во мај, но сезоната ќе се доигра пред празни трибини

Поранешната кошаркарска ѕвезда, Меџик Џонсон вели дека НБА лигата најверојатно ќе продолжи во мај, но пред празни трибини и само за ТВ камерите, а сето тоа нема да претставува никаков проблем за кошаркарите да се прилагодат.

„Ќе треба само еден натпревар играчите да се прилагодат на играње пред празни трибини. Потребен ни е спортот, посебно во вакви времиња. Доволно ќе биде што клубовите ќе ги добијат парите од ТВ правата а гледачите ќе може да ужуваат во ТВ преноси“ – вели 60-годишниот Џонсон.

Меџик смета дека лигата, во секој случај, нема да продолжи додека не се тестираат сите кошаркари како секој на теренот би бил сигурен.

„Мислам дека следниот месец може спортот да се врати. Само прашање на време е кога ќе бидеме сигурно дека вирусот е под контрола и не ја погодува целата земја. Кога бројките ќе почнат да паѓаат и спортот ќе се врати“ – вели Џонсон.

Се вчитува...