НБА лигата воведе бизарна забрана за кошаркарите

Новата сезона од НБА лигата, по серијата интересни трејдови, се очекува да биде повеќе од неизвесна со засилен квалитет во однос на претходните. Но, пред самиот старт раководството на НБА се одлучи за еден потег кој предизвика сериозни полемики.

НБА лигата воведе забрана за кошаркарите да носат лента на главата, која минатата сезона беше хит меѓу добар дел кошаркари. Џими Батлер, Холидеј, Харел, Карл-Ентони Таунс…, се само дел од кошаркарите кои носеа ленти минатата сезона а од кои ќе мора да се откажат.

„Играчите почнаа да ги носат минатата сезона, но не сакавме да им забраниме на сред натпреварување. Но, беше искажана загриженост што се однесува до безбедноста, големината и начинот на кој кошаркарите ги носат. Ги известивме клубовите дека повеќе нема да може да се носат“ – соопштија од НБА лигата.

 

Се вчитува...