НБА нема милост, ЛА Клиперс поради Каваи Ленард казнети со 30 милиони долари и остануваат без пикови од драфтот

НБА лигата го казни ЛА Клиперс со неверојатни 30 милиони долари и одземање на пет избори од првата рунда на драфтовите од 2029 до 2033 година.

Сопственикот на тимот, милијардерот Стив Балмер, една година не смее да има никакви активности поврзани со ЛА клиперс, додека првата ѕвезда на тимот, Каваи Ленард е казнет со 700.000 долари. Шестмесечна суспензија заработи и претседателот на кошаркарски операции, Лоренс Френк.

Казната доаѓа откако независна истрага утврдила дека ЛА Клиперс преку спонзорски договори со Каваи Ленард ги заобиколувале правилата на селари кап.

 

 

 

Истрагата ја изврши адвокатската канцеларија “Wachtell, Lipton, Rosen & Katz” кои утврдиле дека НБА тимот му овозможувал дополнителни извори на приходи  на Ленард преку компаниите Aspiration Partners, Boingo Wireless, Daktronics i Lockton Insurance. Според истрагата, ЛА Клиперс на компаниите им нудел соработка во замена за спонзорски договори со Каваи Ленард.

“Тежината на казната ја отсликува сериозноста на прекршокот“ изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

ЛА клиперс во наредните пет години ќе биде под посебен надзор на НБА лигата.

Се вчитува...