Бекот на Хјустон, Ерик Гордон победи во натпреварувањето во брзо шутирање тројки на НБА Олстар викендот.
Веќе во првиот круг од натпреварувањето беше елиминиран бранителот на титулата Клеј Томпсон, кој собра 18 поени, а го надминаа Кемба Вокер со 19, Кајри Ирвинг со 20 и Гордон со 25 поени.
Во финалната рунда, Вокер потфрли со 17 поени, додека Ирвинг и Гордон беа израмнети со по 20 поени. Во новиот круг Гордон беше подобар од бекот на Кливленд со 21-18, и ја однесе оваа титула во Тексас.
Со Томпсон во првата рунда беа елиминирани уште и Кајл Лаури, Си Џеј Мекалум, Весли Метјус и Ник Јанг, а посебно разочара Лаури со само 9 поени. Четврта година по ред најдобриот „тројкаш“ во лигата доаѓа од Западната конференција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА