НБА призна дека судиите погрешиле, но ја отфрли жалбата на Хјустон

Судиите направиле грешка што не го признале кошот на Џејмс Харден постигнат на 7.50 минути до крајот од средбата со Сан Антонио, но жалбата е отфлерна, резултатот останува важечки, а нема да има преигрување на преостанатиот период од моментот на грешката до крајот на регуларното време како што бараше Хјустон.

Ова е одлуката на НБА лигатапо жалбата на Хјустон која го загуби дуелот со Сан Атнонио. Објаснувањето на комасарот, Адам Силвер кој се согладува со Хјустон дека имало грешка е дека „рокитс“ имале доволно време да надоместат затоа што имаше повеќе од седум минути до крајот од четвртината, а потоа се играше и продоложение. Како што стои во соопшштението од НБА, судиите од овој меч ќе бидат казнети.

Спорниот кош, ако беше признат ќе требаше да му донесе на Хјустон водство од 104-89. Харден постигна поени со забивање, но судиите решија дека кошот е неважечки. Во жалбата, Хјустон тврдеше дека судиите погрешно ги преминиле правилата од што произлегол погрешен резултат.

Се вчитува...