НБА продолжува да урива „табуа“ – Кара Лосон назначена за помошник во Бостон

Најтрофејниот кошаркарски клуб во НБА лигата, Бостон Селтикс ја назначи поранешната олимписка и ВНБА шампионка Кара Лосон за помошен тренер.

Лосон по завршувањето на кариерата работеше како аналитичар за ЕСПН за натпреварите на Вашингтон Визардс. Лосон се придружи на големиот број жени кои добија улога на помошници тренери, вклучувајќи ги Беки Хемон во Сан Антонио, Џени Букек во Далас и Линдзи Готлиб во Кливленд.

Лосон работеше во американските 3×3 екипи кои се подготвуваа за настап на Летните олимписки игри во Токио 2020 година.

Се вчитува...