НБА продолжува со стратегијата на воведување на Европа кон најсилното кошаркарско натпреварување. Засега планот се темели на одигрување на натпревари со цел анализа на маркетот за подетални информации кон созадвањето на НБА Европа.
Оваа година Сан Антонио и Индијана одиграа првенствен натпревар во Париз, а следен на листата на град кој ќе огранизира НБА дуел се очекува да биде Манчестер и тоа во арена која има капацитет од 23.500 луѓе.
Оваа вест се поклопува со амбицијата на формирање на кошаркарски клуб во Манчестер кој од сезоната 2026/27 би се натпреварувал во ново натпреварување. Преговорите се во напредна фаза и наскоро се очекува да биде постигнат договор, откриваат англиските медиуми.
Сопственоста на истиот се очекува да и припадне на „Сити фудбал групацијата“, сопствениците на арената.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА