НБА против коронавирусот: Без поздравување и давање автограми

НБА лигата објави краткорочни мерки кои се однесуваат на заштитa на играчите и на сите инвловирани во натпреварите од коронавирус. Меѓу препораките кои лигата им ги даде на играчите е и тоа да не се поздравуваат и ракуваат со навивачите како и да не земаат пенкала, моливи, дресови и качкети од навивачите за да даваат автограми.

Ако во иднина осtane опасноста од вирусот, НБА ќе преземе и други мерки како ограничување или потполно откажување на меѓународните скаутиг настани, настаните кои му претходат на драфтот како и на тренинг камповите. Лигата и Националното здружение на играчите овие одлуки ги донеле во консултации со Националниoт центар за контрола на заразни болести и превенција на вируси.

„Коронавирусот останува ситуација која може забрзано да ескалира и да се промени. Здравјето на нашите вработени, на тимовите, играчите и на навивачите е на прво место. Соработуваме со тимовите, се консултираме со наделжните за инфективни болести и продолжуваме да следиме се што се случува“ – стои во соопштението од Лигата.

Дел од играчите во НБА, како Си Џеј Меколум на социјалните мрежи веќе најавија дека некое време нема да даваат автограми, додеkа Кемба Вокер пак вели дека нема да се откаже од потпишувањето, но дека ќе си носи свое пенкало.

 

 

 

 

Се вчитува...