НБА шампион потпишува со ЦСКА Москва?

Актуелниот шампион во Евролигата, ЦСКА Москва во своите редови сака да го донесе Џереми Лин, кошаркарот кој минатата сезона со Торонто Репторс ја освои титулата во НБА лигата.

Лин дипломираше на Харвард, а во НБА лигата влезе на споредна врата, но меѓу ѕвездите го лансираа одличните игри во Њујорк Никс. Иако, минатата сезона не беше на посакуваното ниво, сепак тој беше дел од шампионскиот тим на Репторски, кој успеа да ја прекине доминацијата во најсилното кошаркарско првенство во светот  на Голден Стејт.

 

Се вчитува...