НБА суспендираше еден од сопствениците на Голден Стејт Вориорс

НБА го суспендираше на една година еден од сопствениците кои имаат мал број на акции во  Голден Стејт Вориорс поради нападот на кошаркарот на Торонто, Кајл Лаури во текот на третиот натпревар од финалната серија.

Суспензијата влегува веднаш на сила и се однесува на мечевите на „Вориорси“ до крајот на оваа и цела следна сезона.

„Претставниците на тимот мора да бидат на највисоко можно ниво, а однесувањето на косопственикот Марк Стивенс, беше неприфатливо“, стои во соопштението на НБА. 

Од таборот на „воините“ претходно му се извинија на Лаури и веднаш донесоа одлука со која Ситвенс ќе има забрана да присуства до крајот на финалната серија.

Се вчитува...