НБА тимовите имаат план: Доведи го Брони, за да го добиеш и Леброн

Леброн Џејмс кој e најстар кошаркар во НБА, има „играчка опција“ кога е во прашање неговиот договор со Лос Анџелес Лејкерс за следната сезона. Тоа значи дека „Кралот Џејмс“ може сам да одлучи дали сака да ја продолжи соработката со „езерџиите“ до летото 2025 година и автоматски да заработи уште 51,4 милиони долари.

Многу е веројатно дека искусниот кошаркар ќе ја прифати оваа опција, но има алтернатива. Тоа би вклучувало широк план на тимови кои веројатно ќе ја искористат желбата на Леброн да игра со својот син како соиграч. Леброн Џејмс Јуниор, познат по прекарот „Брони“, влезе на драфтот во НБА, и покрај неуспешната сезона на Универзитетот во Јужна Каролина.

Пред почетокот на претходната сезона, Брони Џејмс имаше сериозен здравствен проблем кога беше хоспитализиран поради срцев удар, но се опорави и доби лекарско одобрение да продолжи да тренира и да игра.

Многумина веруваат дека некои од претендентите за титулата би можеле да го искористат доцниот избор во вториот круг за да го изберат Брони и на тој начин да го намамат неговиот татко во нивниот тим.

Се вчитува...