Њујорк Никс поведоа со 2-0 против Сан Антонио Спарс во борбата за трофејот во НБА. На првиот меч на гостински терен триумфираа 105-95, а ноќеска беше крајно драматично, каде екипата на Њујорк славеше само со еден поен разлика (105-104), а Сан Антонио промаши напад за победа.
Одличниот Виктор Вембањама се претвори од херој во трагичар. Во миговите кога го носеше својот тим, направи фатална грешка и ја фрли топката во грбот на соиграчот Касл, по што таа заврш кај Брансон, кој погоди слободно фрлање и на крајот им донесе победа на Никс.
Њујорк со оваа победа се запиша во историјата, откако станаа само третиот тим кој ги добил првите два натпревари од финалето на гостински терен. Тие чекаат титула од 1973 година.
Карл-Ентони Таунс продолжи со својот најдобар настап во кариерата, постигнувајќи 21 поен и 13 скока. Покрај Брансон со 20 поени, се истакна и Бриџис со исто толку. Кај Спарс најефикасен беше Вембањама со 29 поени.
Сега серијата се сели во „Медисон Сквер Гарден“ каде што ќе се одиграат два натпревари, а ако победат домашните на тие два меча, тогаш ќе го слават првиот трофеј после 53 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
