Кошаркарскиот клуб ЦСКА Москва кој е предводен од македонскиот стратег Емил Рајковиќ стигна до огромно засилување откако го официјализираше трансферот на Вил Бартон. Американецот кој во минатото го делеше теренот со Никола Јокиќ ја покрива крилната позиција ќе биде дел од московскиот тим до крајот на сезоната.
За Бартон тоа ќе биде прво искуство надвор од Соединетите американски држави каде покрај за Денвер настапуваше во НБА лигата и за Портланд, Вашингтон и Торонто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА