НБА-ѕвезда се лизна дома, сега ќе паузира 12 месеци

Џон Вол е дефиниција за малер во светот на спортот откако асот на Вашингтон визардс ќе мора да паузира најмалку една година од кошаркарските терени по бизаната повреда што ја заработи во својот дом.

Имено, Вол се лизнал во својата куќа и се здобил со тешка повреда на тетивата, а за ситуацијата да стане уште попроблематична, првиот хируршки зафат врз него извршен на 8 јануари не вродил со плод.

Затоа, наопходно ќе биде олстар-ѕвездата на Вашингтон повторно да замине „под нож“, а лекарските прогнози се дека нема никакви шанси тој повторно да заигра кошарка пред февруари 2020 година. Џон Вол е петкратен олстар-играч во НБА-лигата. Сезонава тој одигра 32 средби во дресот на „волшебниците“, во просек постигнувајќи по 20,7 поени и 8,7 асистенции по натпревар.

Се вчитува...